Здравко Чолиќ има песна на германски јазик, но и друго име (видео+фото)

Доколку живеете или потекнувате од овие простори, тогаш сигурно знаете кој е Здравко Чолиќ.

Денес тој е едно од најпознатите музички имиња на Балканот, но дали знаете дека тој се обидел да направи интернационална кариера?

Здравко помеѓу 1974-та и 1978-ма година објавил неколку песни на англиски и германски јазик, а имал потпишано неколку договори со странски издавачки куќи.

Со оглед на тоа што неговото име било тешко да се изговори, тој имал свое уметничко име кое било Дравчо.

Неговите синглови на англиски се „Madre Mira“ и „Light Me“, додека на германски ги снимил песните „Rock ‘n’ Roll Himmel“ и „Alles was Ich Hab“.