Ласкавата титула, најсекси маж во светот за оваа година според изборот на „People“, му припаѓа на американскиот актер и кантри пеач, Блејк Шелтон.
„Цел живот бев грд, но ако можам да бидам секси барем една година, тоа е супер, ја прифаќам титулата“, изјави тој.
Инаку Блејк е дел од судиите во шоуто „The Voice“, плус неколку години е во романтична врска со Гвен Стефани.