Серена Вилијамс и Алексис Оханиан го кажаа судбоносното „ДА“ во Центарот за современи уметности во Њу Орлеанс.
36-годишната тенисерка на нејзината свадба забранила мобилни телелфони, па сеуште немаме фотографии од нејзината свадба.
Па додека чекаме фотки од младоженците и церемонијата папараците успеаа да ги фатат Серена и Алексис како пристигнуваат во Њу Орлеанс.
Се зборува дека тенисерката носеше фустан од Валентино, но она што привлече внимание се нејзините чевли.
На белиот светкав фустан, Серена носеше бели патики од брендот „Nike“.
На листата на гости се најдоа голем број на познати ѕвезди како Бијонсе, Ким Кардашијан, Кели Роуланд, Ана Винтур, Ева Лонгорија со сопругот, тениската ѕвезда Каролина Возњацки и уште многу други.
Изворите велат дека оваа свадба чинела повеќе од 1 милион долари.