Крцкава, а се топи во уста: Чоколадна пита – фантазија од три состојки (рецепт)

Ви предлагаме да ја направите оваа вкусна чоколадна пита.

Покрај тоа што се подготвува за помалку од десет минути, ќе ви бидат потребни само три состојки:

– Пакување лиснато тесто, големо млечно чоколадо, 1 јајце (само жолчка).

Извадете го тестото од пакувањето и растегнете го со сукало. Во него ставете го чоколадото (погледнете го видеото), а потоа питата „затворете ја“ со остатокот од тестото.

Премачкајте го со изматената жолчка.

Печете во добро загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути.

Добар апетит!