По 15-години симната од тронот: Жизел Буншен повеќе не е најплатен модел во светот

По 15 години на тронот, Жизел Буншен ја изгуби титулата „наплатен модел во светот“.

Според најновата листа на Форбс на првото место оваа година се наоѓа Кендал Џенер.

Младиот модел заработил 22 милиони долари, додека Жизел на својата сметка има 17, 5 милиони.

На третото место за прв пат во историјата на оваа листа се наоѓа и Криси Теиген со заработка од 13,5 милиони.

Погледнете ја целата листа.

1. Кендал Џенер, $22 милиони
2. Жизел Буншен, $17.5 милиони
3. Криси Теиген, $13.5 милиони
4. Адриана Лима, $10.5 милиони
5. Џиџи Хадид, $9.5 милиони
6. Роузи Хантингтон-Вајтли, $9.5 милиони
7. Карли Клос, $9 милиони
8. Лиу Вен, $6.5 милиони
9. Бела Хадид, $6 милиони
10.Ешли Грахам, $5.5 милиони