Генијален во улогата на Оливер Драгоевиќ (видео)

Во деветата епизода од регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“, победата ја однесе Стеван Анѓелковиќ.

Брилијантниот пејач неколку пати беше на чекор до победа, но никогаш не се најде на врвот.

Овој пат тоа му успеа во улогата на Оливер Драгоевиќ.

Стефан ја изведе „Магдалена“, а неговата емоција ја воодушеви публиката, жири комисијата и неговите колеги од шоуто.

Погледете ја изведбата.