Нарачал обична супа, а во неа нашол огромно богатство (Фото)

Мајкл Серино (40) полицаец од Масачусетс бил на одмор во Португалија каде застанал во ресторан.

Нарачал супа од морски плодови и тогаш се случило нешто неочекувано.

Додека јадел, во устата почувствувал „камче“ поради кое за малку ќе скршел заб.

– Сопругата ме праша „Каков камен е тоа?“, го избришав и видов дека личи на бисер, па одлучив да го ставам во џеб и да го понесам во Америка, рекол Серино по враќањето од одмор.

kamence

Потоа, Мајкл и неговата сопруга гледале емисија за бисери и само што не паднале во несвест: нивното „камче“ било многу редок и скапоцен розе бисер, кој може да достигне цена и до 13.000 евра!

kamence1

Следувала општа потрага, а „богатството“ го нашле во кутија за накит на една од нивните три ќерки.

Вредноста на откритието од супата ја потврдил еден американски институт, а веројатноста да се пронајде таков бисер е 1 наспроти 100.000.

Брачниот пар Серино сега со нетрпение го очекува 15. март кога се одржи аукција на која ќе го понудат бисерот.

Почетната цена ќе биде 4.400 евра, а во аукциската куќа велат дека само небото е граница.