Славниот мотивациски говорник и борец за права на лицата со инвалидитет, Ник Вујичиќ, станa татко на близнаци.
Ник ги доби ќерките, Оливија Меј и Ели Лаурел.
Тој шест години е во брак со Канае Мијахра, со која живее во Калифорнија.
Во 2013 година го добија синот Кијоши Џејмс, а две години подоцна и Дејан Леви.
Вујичиќ е роден со ретко нарушување тетра-амелија. Тој нема раце, а наместо нозе има мали стапала.
Вклучен е во многу хуманитарни акции собирајќи средства за програми што им помагаат на луѓе со инвалидитет и ширум светот држи предавања за своите проблеми.