Меган Маркл повторно ја „руши“ традицијата: Еве кој ќе ја носи до олтарот

Традицијата вели дека таткото ја носи невестата до олтарот на нејзината венчавка, но не и во случајот на Меган Маркл.

Еден месец по веридбата со принцот Хари, нејзиниот татко, Том Маркл изјави дека би бил пресреќен доколку ја испрати до олтарот, но актерката својот голем ден не го замислува така.

Меган решила дека до олтарот ќе ја однесе нејзината мајка Дориа Рагланд.

Сеуште нема никаква изјава за оваа одлука самата актерка, но нема ни реакција од кралското семејство и нивниот протокол.

Инаку свадбата на Меган и принцот Хари е закажана за мај оваа година.