Како почнал да се празнува Божиќ

Божиќ е и свет религиозен празник и глобален културен и комерцијален феномен.

Веќе два милениуми, луѓето низ целиот свет го практикуваат со традиции кои по природа се и религиозни и секуларни. Христијаните го слават денот Божик како годишнина од раѓањето на Исус од Назарет, духовниот водач чии учења ја поставиле основата на нивната религија.

Популарните обичаи вклучуваат размена на подароци, украсување божикни дрва, одење во цркви, заеднички оброк со семејството и пријателите и, се разбира, чекањето да дојде Дедо Мраз.

Денот 25 декември или Божиќ, е федерален празник во САД уште од 1870 година.

Стар празник

bozikj1

Средината од зимата одамна било време за прослави во целиот свет. Векови пред доаѓањето на човекот наречен Исус, првите Европејци ја славеле светлината и раѓањето по најтемните денови од зимата. Многу луѓе се радувале за време на зимската рамнодневица, кога најлошиот дел од зимата останал зад нив и можеле да гледаат напред кон подолгите денови со повеќе часови сонце.

Во Скандинавија, Норвежаните го славеле Јуле од 21 декември, зимската рамнодневица, и во текот на јануари. Во прославата на враќањето на сонцето, татковците и синовите носеле дома големи дрвени трупци кои ги гореле. Луѓето јаделе додека дрвата гореле, што можело да трае и до 12 дена. Норвежаните верувале дека секоја искра од огнот претставува ново прасе или теле кое можеби ќе се роди во текот на следната година.

Крајот од декември бил совршено време за прослави во поголемиот дел од Европа. Во тоа време од годината голем дел од стоката била заклана за да не мора да биде хранета во текот на зимата. За многумина тоа било единствено време во годината кога доаѓале до свежо месо. Покрај ова, поголемиот дел од виното и пивото кое било правено во текот на годината, конечно ферментирало и било подготвено за пиење.

Во Германија луѓето го славеле паганскиот бог Один за време на празниците насред зима. Германците се плашеле од Один, затоа што верувале дека тој навечер летал по небото за да ги гледа луѓето, а потоа решавал кој ќе успее, а кој ќе пропадне. Заради неговото присуство „таму горе“, многу луѓе одлучувале да си останат во своите домови.

Сатурналиите

badnik

Во Рим, каде зимите не биле толку силни како на далечниот север, се славеле Сатурналиите – празнувањата во чест на Сатурн, богот на земјоделието. На почетокот на неделата кога се случувала зимската рамнодневица и во текот на следниот месец, Сатурналиите биле време за хедонизам, кога имало изобилство од храна и пиење, а нормалниот римски социјален поредок бил превртен на глава. Цел месец робовите можеле да бидат господари. Со градот управувале селаните. Бизнисите и школите биле затворени за секој да може да се приклучи на забавата.

Исто така за време на зимската рамнодневица, римјаните славеле и Јувеналиа, гозба во чест на римските деца. Покрај ова, луѓето од побогатите класи на 25 декември често го славеле раѓањето на Митра, богот на неосвоивото сонце. Се верувало дека Митра, детето бог, било родено од камен. За некои римјани роденденот на Митра било најсвет ден во годината.

Во првите години од христијанството, Велигден бил главниот празник; раѓањето на Исус не било прославувано. Во четвртиот век, црквените власти решиле да го воведат раѓањето на Исус како празник.

bozikj

Но Библијата не наведува датум на неговото раѓање (факт кој пуританците подоцна го истакнувале за да ја забранат легитимноста од славењето). Иако некои докази наведуваат дека неговото раѓење можеби било на пролет (зошто овчарите би ги паселе овците насред зима?), папата Јулиј Први го одбрал денот 25 декември.

Општо се верува дека црквата го одбрала овој ден во обид да ги прифати и адаптира традициите од славењето на паганските Сатурналии. Првично наречен Гозба за раѓањето на Исус, овој обичај се проширил во Египет во 423 г.н.е., и во Англија до крајот на шестиот век. До крајот на осмиот век, славењето на Божик се проширило се до Скандинавија. Денес грчката, руската и други православни цркви го слават Божик 13 дена по 25 декември, исто така во чест на Богојавлението или Трите кралеви. Ова е денот за кој се верува дека трите мудреци конечно го пронашле Исус во шталата.

Со прославувањето на Божик истовремено како и традиционалните прослави за време на зимската рамнодневица, црковните водачи ги зголемиле шансите популарноста на Божик да биде широко прифатена, но се откажале од упатствата како тој да се слави.