Опра Винфри откри дали ќе се кандидира за претседател на САД

На почетокот на месецот, американксите медиуми повикувајќи се на двајца „блиски пријатели“ на Опра Винфри, објавија дека таа „активно размислува“ да се кандидира на претседателските избори на САД во 2020 година.

Но, американската телевизиска водителка изјави дека не е заинтересирана да се кандидира бидејќи „нема ДНК“ за да биде претседател на САД.

„Секогаш сум сигурна во тоа што можам, а што не можам да го правам“, рече Винфри, истакнувајќи дека претседателската кандидатура „не е нешто што ја интересира“.

Винфри за американското списание „In Style“ додаде дека по говорот на доделувањето „Златен глобус“, на почетокот на месецот, сите ја „гледале“ како иден кандидат на демократите на изборите во 2020 година, но тоа нема да се случи.