Меган Маркл се одлучи: Оваа дизајнерка ќе ја изработи нејзината венчаница

Во мај сите очи ќе бидат вперени во Кесингтонската палата каде ќе се одржи кралската венчавка помеѓу принцот Хари и Меган Маркл.

И додека подготовките започнуваат, светот го дозна дизајнерот кој ќе и ја изработи венчаницата на новата кралска снаа.

Меган Маркл решила да носи дизајн од Џесика Мулрони која минатата недела пристигнала во палатата на тајни консултации со актерката.

„Меган проба неколку венчаници од различни дизајнери, но таа најмногу и се допадна. Меган нема одлучено каква венчаница ќе носи, но се сретна со дизајнерката со која имаат неколку идеи“, вели извор близок до актерката.