Австралиската актерка Никол Кидман сака да јаде бубачки. Ѕвездата не крие дека проголтала еден куп инсекти.
50-годишната Кидман ги претпочита „извонредните“ гасеници од типот „Manduca sexta“, „сочните“ брашнести црви и „софистицираните“ скакулци и штурци.
„Две милијарди луѓе во светот јадат бубачки. Меѓу нив сум и јас“, вели Никол Кидман во видеото за „Vanity Fair“.