Меган Маркл ќе плати дел од трошоците за кралската венчавка

Кралската венчавка на Меган Маркл и принцот Хари е главна тема во светските медиуми со месеци, а британските медиуми наводно дознаа и колку таа ќе чини.

Земајќи ги во предвид послугата, музиката, обезбедувањето, украсувањето и сите други елементи, за церемонијата кралското семејство ќе потроши половина милион фунти.

Венчавката е закажана за 19 мај и ќе се одржи во црквата Сент Џорџ во дворецот Виндзор во Лондон.

Иако се уште „се лицитира“ и со името на дизајнерот на венчаницата, веќе се знае дека Маркл самата ќе си го плати свечениот фустан, токму како што стори и Кејт Мидлтон.