Снегот предизвика блокади во сообраќајот во Париз, каде што е затворена и Ајфеловата кула. Регистрирани се колони возила долги стотици километри.
И училишниот превоз во главниот град на Франција е откажан. Метеоролозите издадоа предупредување за исклучително ниски температури, а в петок се очекува и нов снежен бран од северозапад.
Овој јануари беше најстуден во последните 100 години.