Избришете ги веднаш вашите профили! Џим Кери против Фејсбук

Џим Кери го напушта Фејсбук и ги повикува сите други да го сторат тоа.
Актерот најави дека ќе ги продаде своите акции и ќе ја избрише неговата фан страна бидејќи компанијата профитирала од руското мешање во изборите во САД во 2016 година. Тој ги повика сите други инвеститори кои се грижат за иднината да го сторат истото.
“Лесниот пристап мора да биде поодговорно ракуван. Треба да испратиме порака дека сопствениците на овие социјални медиуми мора да вршат посериозен надзор. Она што му треба на светот сега е капитализам со совест “.
Тој исто така додаде хаштаг “#unfriendfacebook”.