Тажна приказна се крие позади фотографијата на годината

Фотографката Џон-Ен Мекартур ја направила оваа фотографија во Камерун, за време на префлувањето на горилата Пинкин од заробеништво во прифатилиште за животни.
Пинкин била заробена од ловци кои сакале да ја убијат и продадат, но за среќа во последен момент се вмешала хуманитарната асоцијација „Ape Action Africa“.
Ловот на примати е голем проблем во Камерун. Овде ловците убиваат животни за да го продаваат нивното месо во земјата и во странство.
Бебињата горили често остануваат сирачиња, откако ги убиваат нивните мајки или ги продаваат како домашни миленичиња.