Еден златар си седеше во својот дуќан и низ излогот ги гледаше минувачите. Во еден момент едно девојче се доближи до излогот и застана пред него. Прекрасните сини очи добијаа радосен сјај гледајќи во еден од изложените предмети.
Одлучно влезе во дуќанот и со раката покажа кон една тиркизно сина огрлица.
– За сестра ми е, може ли да ми ја запакувате како поклон?
Трговецот просто не си веруваше и го праша девојчето:
– Колку пари имаш?
Девојчето се подигна на прсти и ја отвори својата лимена кутија полна со неколку банкноти, ситни пари, школки и играчки.
– Ќе биде ли доволно? – праша гордо… Сакав на постарата сестра да и купам поклон. Откако ја нема мајка ни, таа само работи и нема време за себе. Денес и е роденден. Мислам дека поклонот ќе ја израдува. А нејзините очи ја имаат истата боја.
Трговецот влезе во другата просторија, го спакува поклонот и го даде на девојчето.
– Земи ја, но внимавај, и оди право дома кај сестра ти.
Девојчето гордо го зеде поклонот и тргна радосно кон својот дом.
Еден час покасно во дуќанот влезе прекрасна девојка со коса боја на мед и прекрасни тиркизно сини очи. Ја стави кутијата на пултот и праша:
– Дали ова е купено овде?
– Да, госпоѓице – одговори трговецот.
– Колку чини ова? – запраша девојката.
– Во мојот дуќан цените се доверливи, не можам да ви кажам – одговори трговецот.
– Но мојата сестра имаше само малку ситни пари, сигурно не можела ова да го плати.
Трговецот ја затвори кутијата како што беше и и ја даде на девојката одговарајќи и.
– Вашата сестра ја плати највисоката цена… ДАДЕ СЕ ШТО ИМАШЕ !!!