Холивудската актерка уапсена: Го претепала сопругот

Американската актерка Хедер Локлир, позната по улогите во сапуниците „Династија” и „Мелроуз плејс” е уапсена викендов поради семејно насилство.

Таа дури и се спротиставила на полицијата која интервенирала во нејзиниот дом во Калифорнија.

Таа е уапсена поради физички напад врз својот сопруг, кој притоа се здобил и со телесни повреди, соопштуваат локалните власти.

Не се наведува за какви точно повреди се работи, но се знае дека мажот е однесен и згрижен в болница.

Хедер откако била уапсена, подоцна во текот на денот била ослободена со кауција од 200.000 долари.