Обидете се да најдете разлика: Ова се двојничките на Ким Кардашијан

Ким Кардашијан се смета за социјален феномен за 21-от век, а нејзините познати облини и убавина се „новите стандарди“ за убавина во светот.

Тинејџерките се обидуваат да личат на неа, или во најмала рака да се облекуваат како реалити ѕвездата.

Но, постојат девојки кои навистина наликуваат на Ким, кои ѕвездата некогаш ги користи како свои двојнички.

Тешко дека ќе пронајдете некоја поголема разлика, па ајде да ги видиме двојничките на Ким.

Соња и Фајза Алу

Покрај тоа што Соња наликува на Ким Кардашијан, нејзината сестра Фајза е иста Кајли Џенер.

Сестрите станаа познати по тоа што се облекуваат исто како реалити ѕвездите, па на Инстаграм се „главна“ атракција.

Камила Осман

За оваа девојка нема потреба ништо да се додава, само погледнете ја сличноста со Ким и се ќе ви биде јасно.

Камила дури ја имаше честа да се запознае лично со Ким Кардашијан, благодарение на нејзиниот пријател Џонатан Чебан.