Од октомври кога одекна скандалот со сексуално вознемирување во Холивуд, досега над 70 жени го обвинија продуцентот Харви Вајнстин за сексуален напад.
„Харви Вајнстин им нудел договори за молчење во замена за пари на оние кои го обвинуваат. Сите овие договори се раскинати од овој момент“, соопшти компанијата Вајнстин, која пред неколку месеци го отпушти својот основач.
Команијата информираше дека прогласува банкрот, и дека постигнала договор со инвестициската компанија Лантерн Капитал да го преземе нејзиниот активен имот.
Меѓу актерките кои го обвинуваат Вајнстин се и Ума Турман, Лупита Њонго, Селма Хеек, Леа Сиду и Лена Хеди.

