Познатата хрватска пејачка Јелена Розга и Стјепан Хаусер од „Two Cellos“ раскинаа неодамна. Музичарот не чекаше долго за да ја најде својата нова љубов, американската пијанистка Лола Астанова.
Пред два дена, на католичкиот Велигден, Стјепан со својата избраничка се заколна на вечна љубов.
Неговата сопруга ја запознал на заеднички настапи. Освен со својот талент, таа може да се пофали и со убавината, која ја направи Инстаграм ѕвезда.
Лола често ја споредуваат со Ким Кардашијан, а таа постојано објавува фоторафии во провокативни изданија додека свири пијано.
-Не можевме да одбереме подобар ден за да се венчаме. Среќен Велигден на сите. Господин и госпоѓа Хаусер, напиша Стјепан на Инстаграм.