Верувале или не, наскоро ќе живееме 1000 години

Прочуениот англиски геронтолог и професор на Универзитетот Кембриџ Обри де Греј верува дека поради пребрзото темпо на развој на биологијата и другите науки ќе може да му се обезбеди на човекот да живее верувале или не дури илјада години и тоа во блиска иднина. Британецот исто така, додава дека веќе е роден првиот човек кој ќе живее повеќе од 1000 години.
Според зборовите на Греј, главна причина кај повеќе од 60 отсто од смртните случаи е стареењето, но сега постојат одредени технологии кои се тестирани на животни и кои се во состојба да го продолжат животот за неколку стотини години, пренесува „Гласот на Русија“.