Холивудскиот заводник ќе се жени! Избраничката е три децении помлада од него!

Познатиот холивудски актер Ричард Гир (69) , одлучи по трет пат да стапне на “лудиот камен”. Овој пат негова избраничка е Александра Силва, која е дури 34 години помлада од него.
Гир и Силва се запознале пред 3 години кога актерот сеуште бил во брак со поранешната сопруга.

Александра е ќерка на на поранешниот потпретседател на шпанскиот клуб „Реал Мадрид“, Игнацио Силва. Таа од првиот брак со геологот Говиндо Фридленд го има шестгодишниот син Алберто.
Ова пак за Гир ќе биде трет брак. Тој беше венчан со супермоделот Синди Крафорд, па со актерката Кери Ловел. Со Кери го има 18-годишниот син Хомер Џејмс Џејми.