Водителката Јована Јоксимовиќ беше пријатно изненадена од својот сопруг, познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ.
Додека Јована ја водеше утринската програма, нејзиниот колега Срѓан најави вклучување во живо од центарот. Убавата водителка не знаеше за што станува збор, па со збунета насмевка се заврте кон видео бимот зад неа.
Кога го виде транспарентот на зграда на која беше испишана честитка по повод нејзиниот 37 ми роденден, водителката не можеше да го скрие своето изненадување.