Беквалац сослушана во судница: Сеуште го сакам Лука но се плашам од него!

Поп ѕвездата Наташа Белвалац и нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ се сослушани во основниот суд во Белград.
Лазукиќ е осомничен за семејно насилство, откако според изјавите на Беквалац брутално ја претепал во заедничкиот дом.
Наташа изјавила дека константно била понижувана и психички малтретирана од нејзиниот сопруг.
“ Понекогаш беше нежен и ми зборуваше дека сум одлична мајка, но многу често ме нарекуваше кафанска “певаљка” и ме навредуваше пред нашите познаници. Јас сеуште го сакам мојот сопруг, но не можам повеќе да живеам со него, јас се плашам од него” – изјавила пејачката за време на сослушувањето.