Пресудата е донесена! Козби веројатно остатокот од животот ќе го помине зад решетки!

Американскиот актер Бил Козби е прогласен за виновен за сексуален напад, извршен над Андреа Констанд во 2004 година. Осумдесет годишниот Козби беше обвинет по три точки и може да добие до 30 години затвор – по 10 години за секое обвинение. Неговиот случај три недели се разгледуваше во Пенсилванија. Ова е втор процес за случајот.
Првиот случај на сексуален напад врз истата жена беше поништен бидејќи поротата не можеше да донесе едногласна одлука. Тоа беше разгледувано во друг град. Сега, порота од седум мажи и пет жени, донесоа едногласна одлука за вината на Козби. Одлуката беше донесене по 14-часовни дебати.
Андреа Констанд сега има 45 години. Таа вели дека актерот ја дрогирал и ја силувал. Насилството над Констанд, Козби го направил во својот дом, во едно предградие на Филаделфија. Тој тврди дека таа дала согласност.
Жената е поранешен менаџер на женски кошаркарски тим на Универзитетот Темпл, каде што студирал Козби. Констанд е една од околу 50 жени, кои го обвинуваат Козби дека биле сексуално нападнати.
Додека обвинителството не се искаже по обвинението, Козби останува на слобода под гаранција.