Скандал на повидок: : Ќерката на Кајли Џенер е иста како нејзиниот телохранител!

Иако Кајли Џенер на секој начин се обидува да ја сочува приватноста на својата 3-месечна ќеркичка Сторми, сепак на повидок е нов скандал во семејството Кардашијан.
Многумина се убедени дека телохранителот на Кајли, Тим Чунг, е вистинскиот татко на Сторми. Овој згоден телохранител повремено се грижеше за безбедноста на Кајли Џенер во јавноста, а работи и како полицаец во станица во Лос Анџелес.
Можеби ова е прв пат да слушате за него, но погледнете ги овие фотографии и сличноста меѓу Сторми и Тим.

Иако сè започна на шега, сите се сомневаат дека тој е таткото.
Засега никој од семејството Кардашијан не ги коментира овие шпекулации.