Иако навидум имала убаво детство покрај своите успешни и богати родители, ќерката на Вил и Џејда Смит се соочувала со големи проблеми во пубертетскиот период.
Вилоу Смит, во емисијата “Red table talk” во која учествувала заедно со својата мајка и баба открила дека во минатото се обидела да ги пресече своите вени.
Шокирана од ваквата изјава, Џејда се обидувала да дознае повеќе детали прашувајки ја кога и каде се случило ова.
17 годишната Вилоу објаснува дека проблемите почнале кога имала 12 години, по излегувањето на нејзината песна “Whip My Hair”.
Почувствувала страв од иднината,мислела дека нема талент и сето ова страшно ја фрустрирало.
“ Тогаш престанав да одам на часови по пеење, да слушам мрачна музика . Се чувствував како да тонам во црна дупка.. и тогаш почнав да се сечам по рацете!” – раскажала Вилоу, шокирајки ги гледачите и свите најблиски.