Стотици работни часови се потрошени за изработката на кралската венчаница. Сите што биле вклучени во процесот на создавање на ова ремек дело биле принудени на секој половина час да ги мијат своите раце, се со цел материјалите да ја задржат својата оригинална боја.
“Рацете природно произведуваат пот и мрснотии, а кога станува збор за толку бел и деликатен материјал, хигиената мора да е беспрекорна.” – изјави за медиумите дизајнерката на венчаницата, Clare Waight Keller , креативен директор на модната куќа Живанши.
“Со Меган се сретнавме седум пати, брзо се договоривме за дизајнот и деталите кои можевте да ги видите овој викенд.”
