Барак и Мишел Обама ќе продуцираат за „Нетфликс“

Поранешниот американски претседател и поранешната прва дама, Барак и Мишел Обама, ќе снимаат програми за стриминг сервисот „Нетфликс“ според договорот за продукција, што го потпишаа денес.

Тед Сарандос, одговорен за содржина во Нетфликс кажа дека дека е неизмерно горд што првиот афро-американски претседател и првата дама одлучиле стриминг сервисот „да биде дом за нивните огромни способности за раскажување приказни“.

Мишел и Барак Обама основаа компанија „Хајар граунд продакшн“, а договорот со „Нетфликс“ го опишаа како повеќегодишен договор за продукција на филмови и серии, потенцијално вклучувајќи и документарци.

Барак Обама два пати беше избран за претседател на САД, служејќи од 2009 до 2017 година.

„Се надеваме дека ќе ги култивираме и поттикнеме талентираните, инспиративни и креативни гласови, кои се способни да промовираат повеќе емпатија и разбирање меѓу луѓето, и да им помогнеме да ги споделат нивните приказни со целиот свет“, кажа тој во соопштението издадено од „Нетфликс“
Мишел Обама кажа: „Јас и мојот сопруг секогаш верувавме во моќта на раскажувањето приказни да нѐ инспирира и да нѐ натера да размислуваат поинаку за светот околу нас, и да ни помогне да ги отвориме нашите умови и срца за другите“.

Сарандос кажа дека Обама се меѓу најпочитуваните и врвно признаени јавни личности во светот и дека се уникатно позиционирани да ги откријат и споделат сториите на луѓето кои прават разлика во нивните заедници и кои се обидуваат да го променат светот на подобро.
„Нетфликс“ тврди дека 125 милиони домаќинства во 190 земји се претплатени на нивниот сервис.