Кристијано Роналдо има за што да се радува. Близначињата Ева и Матео, кои португалскиот фудбалер ги доби благодарение на сурогат-мајка, го прославија својот прв роденден.
На роденденската забава беа и другите негови деца, Кристијано Џуниор и Алана Мартина, неговата девојка Џорџина, мајка му Марија Долорес и бројни пријатели и роднини.


