Холивудската актерка е Амбасадор на ОН, а во склоп на својата мисија во Ирак го посети бегалскиот камп кој е дом на илјадници раселени од Сирија.
По доаѓањето во кампот Домиз во кој живеат над 33.000 бегалци од растурената Сирија, Џоли разговараше со неколку семејства за проблемите со кои се соочуваат.
„Немаат лекови за своите деца, а многумина немаат ниту вода. И натаму се опкружени со трупови кои се распаѓаат под урнатините. По незамисливите трауми кои ги поминаа под окупација, овие луѓе настојуваат да ги обноват своите домови без ничија помош“, заклучи актерката.