Британскиот производител на суперавтомобили „McLaren“ бележи најдобри резултати во својата историја, а само минатата година испорача 3.340 возила.
Откако во компанијата од Вокинг се концентрираа на автомобили за обични патишта, „McLaren“ постепено станува заштитен знак во класата на суперавтомобили.
Секој „McLaren“ се прави рачно, а дневно се склопуваат околу 20 автомобили. Компанијата одлучи во кратко видео да покаже како тоа изгледа.