Кина е земја на постојани иновации, па некако е и логично овде да е изграден и највисокиот вештачки водопад.
Поставен на облакодер и со висина од 106 метри, овој водопад е вистинска атракција.
Овој проект е и прилично скап, имено пумпите потребни за неговото создавање за еден час трошат околу 100 долари струја.
Поради тоа водопадот и не може постојано да се види, туку само во посебни прилики.