Едно истражување спроведено во Пенсилванија покажа дека пушачите во текот на животот заради таа навика трошат 1,4 милиони долари.
Овој податок е пресметан врз основа на податоците за лицата кои пушат една кутија цигари од 18 години, а умираат на 69 години.
Со цената на цигарите, истражувачите во вкупната сума ги пресметале и трошоците за лекување од последиците на пушењето, изгубените работни денови заради болестите поврзани со пушењето и високите цени на осигурувањето за пушачите.
Инаку, на почетокот истражувањата покажаа дека пушачите заработуваат просечно 20 отсто помалку од непушачите.
Заради високите цени на цигарите во другите сојузни американски држави, вкупната цена на пушењето може да биде и многу повисока, па така за пушачите на Алјаска изнесува повеќе од два милиони долари.