Преубав но скап! Еве колку чини паркинг во Дубровник!

Дубровник, особено во лето е преполн со туристи од целиот свет.

Секојдневно читаме и гледаме фотографии од славни личности кои не пропуштаат да наминат овде со своите лукузни јахти, па макар и на кратко.

Дел од туристите кои овде пристигнуваат со сопствено возило, често сакаат да паркираат во близина на стариот град и да уживаат во прошетката по „Страдун“.

Но имате ли претстава колку чини паркинг доколку не сте жител на градот?

Според таблите во градот, ако не сте жител на градот и се обидете да го пракирате автомобилот во втората зона, за карта за неколку часа ќе треба да платите неверојатни илјада куни, односно околу 135 евра.