Мексико влезе во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи тамошните кувари го направија најдолгиот хот дог на светот, 1.417 метри од познатиот сендвич со виршла, пренесуваат мексиканските медиуми.
Таа земја го собори претходниот рекорд кој го чуваше Јапонија со хот дог долг 325,56 метри.
Куварите во Гвадалхара за време од 4 часа поставувале лепчиња во цик цак со должина од 1,417 метри и во лепчињата ставиле 10.000 виршли. Од додатоци имало по 100 килограми кечап и мајонез, како и 75 килограми сенф.
Мексиканските кувари ги почитувале правилата така што секој хот дог во низата не ја премина стандардната големина од 18 сантиметри и дека во секој хот дог има доволно додатоци.
“За ова се подготвувавме една година. Се сетивме на оваа идеја, бидејќи сите сакаат хот дог во Гвадалхара”, рекле организаторите. Околу 2.000 луѓе биле повикани на дегустација.