Деца генијалци: Група основци понудија решение кое ќе го спаси светот! (видео)

За целосно разградување на стиропорот се потребни дури 500 години, но група на деца генијалци од основно училиште откриле начин како тој да се рециклира.
Производот пак кој би се добил од процесот на рециклирање се користи за прочистување на вода.

Како што објаснил еден од учениците, секојдневно сме окружени со многу предмети од стиропор кои ни служат само за еднократка употреба.

Тоа најдобро го гледаме по чашите, пакетите за пакување на храна или кога купуваме домашни апарати.

“Кога купувате нов телевизор, со него добивате многу стиропор, кој зазема повеќе простор од самиот телевизор. Каде одат сите овие предмети кои ги користиме за еднократна употреба? Зошто да не ги рециклираме, како што правиме со пластиката?”

Рециклирањето на стиропорот е многу скап и потенцијално контаминиран процес, па поради тоа постои многу мала пазарна потрошувачка за тоа. Сепак, изумот на овие деца тоа може да го промени.

“Мојот тим изнесе хипотеза дека би можеле да користиме јаглерод кој веќе се наоѓа во стиропорот, за да создадеме активен јаглен, кој денес се користи во речиси секој филтер за вода”, навел еден од учениците.

Активниот јаглен кристи многу мали микропори за филтрирање на вода, па дури и на воздух.

“Се обидувавме од почеток и од почеток, по секој неуспех. Речиси бевме подготвени да се откажеме, но тогаш се случи. Во вистинско време, со вистинска температура и хемикалии, конечно добивме успешни резултати, кои покажаа дека создадовме активен јаглен од фрлениот стиропор”.

Нивниот проект добил многу награди, меѓу кои и признание од Американската морнарица.

Со својот проект, овие деца генијалци понудија решение за два глобални проблеми!