Познатата пејачка Џенифер Лопез и во петтата деценија од животот изгледа секси, а на нејзиното тело сите и завидуваме!
Освен ултра згодното тело, пејачката има и многу кондиција со која ги издржува енергичните настапи.
Тајната ја открива нејзиниот личен тренер, кој вели дека Џеј Ло никогаш не се откажува.
„Една работа која многу ми се допаѓа кај Џенифер е тоа што таа никогаш не се жали и откажува. Таа не доаѓа и не ми вика уморна сум и не можам да го правам ова или она, Џеј Ло едноставно вежба. На тренинзите секогаш е расположена и свесна е дека напорниот тренинг и го овозможува тоа згодно тело. Таа не се однесува воопшто како ѕвезда и покрај тоа што вежбаме на нејзините песни“, открива човекот кој е задолжен за тренинзите на згодната Лопез.