89-годишниот британско-либански математичар Мајкл Атија тврди дека го открил решението за математички проблем кој веќе 160 години ги излудува неговите колеги.
Еден од најистакнатите британски математичари тврди дека пронашол доказ за Римановата хипотеза, еден од шесте математички проблеми за чие решение е предвидена награда од милион долари.
Тој ја претстави својата работа на собранието во Хајделберг, пишува New Scientist.
Доколку решението биде потврдено тоа ќе биде голема вест, хипотезата е блиско поврзана со делењето на основните броеви кои не можат да се делат со ниту еден цел број освен со самите себе и бројот еден.
Наградата од милион долари, ветена за решението, со години ги искушуваше најдобрите математичари во светот.
„Никој не верува дека воопшто постои доказ за Римановата хипотеза, а не пак дека некој 90-годишник може да го докаже тоа“, изјави Атија изразувајќи надеж дека неговата презентација ќе ги убеди критичарите во спротивното.