Со денови се шпекулираше за наводната бременост на Меган Маркл.
Конечно, кралското семејство ја потврди убавата вест!
“Нивнoто кралско височество Војводата и војвотката од Сасекс многу се радуваат да објават дека Војвотката од Сасекс очекува бебе во пролетта 2019 година”, се вели во соопштението.
“Нивните кралски височества ја ценат целата поддршка што ја добија од луѓето ширум светот од нивната венчавка во мај и се воодушевени што можеа да ја споделат оваа среќна вест со јавноста”.