Емотивна приказна: Ви благодарам, Милена!

Дека Милена Дравиќ беше одличен актер, сведочат нејзините улоги.

Малкумина знаат за нејзините хумани дела.

Покојната актерка безрезервно им помогнала на многумина, во моментите кога им било најтешко, без притоа својата хуманост да ја експонира во јавноста

“Ви благодарам, Милена”

“Беше есен, 2013 година. Нашиоот син на неполни две години заболе од леукемија. Започна пеколната борба против болеста. Една вечер заѕвони телефонот. Милена” – ова е еден од статусите на Фејсбук, напишан од татко на кој славната актерка му помогнала.
Таа му донела подароци на болното детенце и секојдневно се јавувала и се интересирала за неговото здравје.

Милена и Драган помогнале на многумина, но никогаш не откриле дека тие стојат зад многубројните хумани дела.