Шансите дека во иднина со сите нас ќе владеат роботите само што се зголемија. Имено, компанијата Boston Dynamics објави кратко видео од својот робот Атлас, кој не само што трча и прескокнува пречки туку скока од една кутија над друга.
“Атлас како изведува паркур”, стои во описот на видеото.
“Контролниот софтвер го користи целото тело, вклучувајќи ги и нозете, рацете и торзото и управува со енергија и сила за прескокнување на пречки и скокање на скали без нарушување на темпото. Атлас користи компјутерски вид за да ја утврди својата положба во однос на видливите маркери кон кои се приближува со цел точно да премине преку теренот”, се наведува понатаму.
Ова е уште едно постигнување на мала компанија од американската сојузна држава Масачусетс, која Гугл минатата година ѝ ја продаде на SoftBank.
Како што пишува порталот Verge, иако сè уште не е јасно дали основачите на овој робот ќе пронајдат купувачи за него, многубројните работи кои Атлас може да ги прави изгледаат навистина импресивно: салто напред, отварање на врата, миење на садови, трчање на стаза, подигнување кутуии, а сега и паркур.