Мега милиони: Џекпот вреден 1.6 милијарди долари падна во САД

Лото треска периодов ги погоди САД.

Најмалку едно ливче, продадено во американската држава Јужна Каролина, ја има добитната комбинација за џекпот лотаријата „Мега милион“.

Некој во САД на лото доби неверојатни 1,6 милијарди долари.

Ова е историска добивка во лотаријата на САД. Официјални лица од Јужна Каролина потврдиле дека еден тикет со сите шест добитни бројки е продаден во државата.

Имено, џекпотот има толкав износ бидејќи никој не го погодил од 24 јули, кога група граѓани добија 543 милиони долари.

Тикетот чини два долара, а шансите некок играч да ги погоди сите шест бројки се еден наспрема триста и два милиони.