За само еден ден силниот ветер кој дувал на хрватското крајбрежје, целосно ја завртел една од најубавите плажи, Златни рат, на Брач.
По олујното невреме кое на почетокот на оваа седмица ја зафатило Далмација и островите, плажата повторно го променила изгледот. Силниот ветер и влијанието на морските струи ја завртеле кон запад.
Една од најпознатите плажи на светот, ќе остане така накривена додека струите и ветерот не ја исправат или не ја свртат кон Бол.
Силниот ветер целосно го изменил изгледот на Златни рат, а таа интересна глетка ја фотографирал и на својот профил на Фејсбук ја објавил фотографот Рони Маркинковиќ.