Полицијата уапси жена поради кражба на автомобил, а таа потоа пред нос им го украде и нивното службено возило

Снимката од кражба на полициско возило стана вистински хит на социјалните мрежи. Полицајците од Оклахома ја снимиле кражбата, а за сè е одговорна Енџи Фрост (37).

Имено, неа полицајците ја стопирале поради сомнение дека вози украден автомобил. Таа се обидела да објасни дека го позајмила автомобилот од пријател, но не знаела дека е украден.

Солзите не ѝ помогнале, па набрзо ѝ ставиле лисици и ја ставиле во полициското возило. Сепак, таа беше попаметна од нив и успеа да го украде нивниот автомобил.

Секако, набрзо повторно ја уапсиле.