Едноставно му се може: Тешко е да се задоволат барањата на принцот Чарлс!

Приватниот живот на членовите од кралското семејство е мета на интерес на медиумите и јавноста.

Колку и да се трудат да го сочуваат своето секојдневие, сепак се наоѓа некој извор кој пренсува детали и пикантерии за најпознатото семејство во светот.

Последни информации кои го заобиколија светот се чудните и бизарни навики на принцот Чарлс, за кои сигурно не би сакал да говори во јавноста.

Наводно секое утро послугата мора да ги пегла неговите пижами но и врвките за кондурите. Чарлс инсистирал водата во неговата када да биде со точно определена температура. Таткото на Вилијам и Хари дури имал и посебен вработен кој секое утро имал за задача да стави паста на неговата четка за заби.

Сепак освен овие бизарни навики, Чарлс е познат и по тоа што на своите синови уште од мали нозе им наметнал да се грижат за околината па неретко заедно после училиште го собирале фрленото ѓубре по улиците.