Технологијата во денешно време стана многу моќна работа, но таа никогаш нема да може да ја замени искрената и вистинска љубов која децата ја чувствуваат кон своите родители.
Рекламава е од поодамна, но сеуште важи за една од најемотивните и најубави.
Имено, таткото на сите начини се обидува да го смири бебето кое плаче, не сфаќајки дека на ова бебенце единствено потребно му е некој да го земе во раце.
Низ оваа видео приказна, уште еднаш се докажува дека технологијата е моќна, но не толку колку татковската љубов.
Погледнете го видеото кое сигурно нема да ве остави рамнодушни.