Пцуела и беснеела: Ова се последните испади на Меган Маркл

Познатата бивша актерка, Меган Маркл, откако стана сопруга на принцот Хари и дел од кралското семејство, го достигна врвот на популарноста.

И покрај скандалите кои и ги приредуваше нејзиното семејство, Меган беше омилена во јавноста.

Но како проаѓа време, на површина испливуваат детали од нејзиниот приватен живот кои покажуваат дека сепак Меган не е толку добра како што изгледа.

Неодамна, јавноста ја разбранува веста дека Мелиса Тубати, личната асистентка на Меган со плачење си дала отказ и заминала од палатата, бидејќи повеќе не можела да го издржи малтретирањето.

По само шест месеци работа, Мелиса повеќе не можела да ги издржи преголемите барања.

Иако точната причина за отказот не е позната, тие две се разишле кратко откако се дознало дека Меган се однесува дрско кон персоналот.

Британските медиуми неодамна пишувале дека сопругата на принцот Хари се однесува диктаторски.

Јавноста се шокираше од информацијата во медиумите дека на денот на својата венчавка Меган се скарала со Кејт Мидлтон.

Поточно, Маркл побеснела на малата принцеза Шарлот во текот на пробата на фустанот, бидејќи наводно фустанот на малото девојче не и прилегал како што таа замислувала.

Ова буквално ја расплакало Кејт.

Ситуацијата меѓу двете јатрви дополнително се заострила кога Меган го пцуела персоналот, поради што Кејт многу се налутила.